За првпат во историјата на НБА двајца странци се прогласени за најдобри во своите конференции.
Гркот Јанис Адетокунбо и Словенецот Лука Дончиќ играат феноменално сезонава. Изминатиот месец овие двајца Европјани ги засенија сите останати и со право НБА ги прогласи за најдобри. Адетокунбо е најдобар во Истиочната конференција, додека Дончиќ во Западната.
Младиот Дончиќ растура за Далас Маверикс. Од почетокот на сезонава (22 октомври) постигнува во просек 30,8 поени, 9,9 скокови и 9,6 асистенции.
Статистиката на Гркот Адетокунбо е слична. За својот Милвоки Бакс запиша во просек 30,9 поени, 13,4 скокови и 5,9 асистенции.
Најдобрата партија Словенецот ја прикажа на 18 ноември во победата на Далас од 117:110 над Сан Антонио Спарс кога забележа трипл-дабл со неверојатни 42 поена зачинети со 11 скокови и 12 асистенции.
Гркот беше уште поефикасен во својот најдобар натпревар кој го одигра на 25 ноември кога Милвоки со 122:118 ја совладат Јута Џез. Тогаш Адетокунбо постигна дури 50 поени забележувајќи и 14 скокови и 6 асистенции.
Дончиќ и Адетокунбо ќе се соочат еден против друг на 16 декември кога Бакс ќе ги нагостат Маверикс.