СЕХА ЛИГА 2019/20

Алушовски: Дуелот со Загреб е балканско дерби

Вардар среќно против Нексе стигна до Фајнл 4 турнирот каде в петок го чека нов хрватски противник, Загреб и тоа во полуфиналето.

Фото: РК Вардар 1961 Скопје

В петок од 20:30 часот во „Крешимир Чосиќ“ салата во Задар, Вардар игра против Загреб во борба за пласман во ново финале од СЕХА лигата каде токму напиот тим е најтрофеен со 5 титули.

Тренерот Стевче Алушовски смета дека Вардар со Нексе помина на среќа, победа на гости и пораз дома, а излезе како победник благодарение на повеќето голови постигнати на гостински терен.

„Направивме добра анализа на сето она што го одработивме заклучно со натпреварот со Нексе. Токму овој дуел е една голема опомена за нас, дека никогаш не треба предвреме да се прогласуваме за победници“, вели Алушовски.

„Добро го анализиравме Загреб, се подготвивме за овој Фајнл 4, па ќе видиме. Вардар од ден на ден се подобрува и затоа очекувам овој Фајнл 4 да биде одлична увертира за новата сезона во Лигата на шампиони“.

Токму првиот противник на Вардар во Лигата на шампионите е еден од можните финалисти во СЕХА лигата, а тоа е белорускиот тим на Мешков кој брка финале против унгарски Веспрем.

„Имаме дури 9 нови играчи кои допрва треба да се вклопат во нашиот систем на игра. Загреб не се прослави на подготовките, но ова е балканско дерби и без разлика на составите, години наназад овие дуели се играат на топка до две“, смета стратегот на „Црвено-црните“.

Финалето е в недела.

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе