Алушовски: Во Струга не одиме само да се проверуваме, туку да победиме

Предводникот на Вардар 1961 вели дека неговиот тим ќе атакува на пехарот од предсезонскиот традиционален турнир во Струга кој „Црвено-црните“ одамна не го освоиле.

Стевче Алушовски; Фото: РК Вардар 1961 Скопје

„Презадоволен сум од работната атмосфера. Се работеше најмногу на физичка подготовка, а попладне и на тактика. Ни претстои уште доста за да дојдеме до посакуваното ниво за Лига на шампионите. Струга е прв турнир на кој ќе провериме сѐ што работевме изминатиот период. Тука мислам на она што го вежбавме. Сите играчи ќе добијат шанса. Вардар 1961 како европски првак оди со цел да го освои турнирот во Струга. Не можам да кажам дека резултатот не е важен, но во преден план е формата, вели тренерот на Вардар.

Вардар на турнирот во Струга се враќа по цели 6 години, а последен пат има триумфирано дури во 2007.

„Не одиме само да се проверуваме. Нормално е дека одиме да победиме. Бројките се само бројки. Вардар 1961 не учествувал одамна на турнирот. Сега сме повторно тука да играме и да се надигруваме, рече Стевче Алушовски за клупската официјална веб-страница.

Струшкиот турнир почнува денеска, но Вардар својот прв натпревар го има утре кога од 21:15 часот ќе се соочи со Охрид. Во петок игра со Еурофарм Пелистер 2, а во сабота со Бутел. Сите натпревари ќе одат во директен пренос на МРТ3.

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе