УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Арнаутовиќ од трагичар стана херој

Фудбалерите на Интер со голот на Австриецот во финишот го скршија отпорот на Атлетико.

Интер го победи мадридски Атлетико со минимални 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите одигран на миланскиот „Џузепе Меаца“.

Интер доминираше во поголемиот дел од натпреварот, но Атлетико очекувано одигра цврсто и дефанзивно, и до крајот избраниците на Диего Симеоне одолеваа на нападите на „Нераѕурите“.

Првото полувреме беше многу претпазливо од двете страни, немаше реални шанси, но голем хендикеп за Интер беше повредата на Маркус Турам, кој на полувреме беше заменет со Марко Арнаутовиќ.

Токму австрискиот напаѓач беше централна фигура на натпреварот, кој пропушти неколку одлични шанси и потоа го постигна единствениот гол.

Најпрво во 49. минута доби центаршут од Федерико Димарко, но шутираше само покрај десната статива.

На другата страна возврати Самуел Лино кога остро шутираше покрај голот, а во 63. минута Арнаутовиќ го промаши невозможното.

Австриецот шутна малку над пречката од чиста ситуација од само неколку метри откако капитенот Лаутаро Мартинес му испрати одлично додавање во шеснаесетникот, па резултатот остана 0:0.

Потоа со глава се закани и Лаутаро, но Јан Облак одлично одбрани, за Интер во 79. минута да дојде до заслужено водство.

По грешката на одбраната на Атлетико, Лаутаро тргна во контранапад, но истиот беше сопрен од брилијантниот Облак, а Арнаутовиќ налета на одбиената топка и ја испрати во мрежата за 1:0.

„Нераѕурите“ славеа сосема заслужено и ќе ја бранат предноста во реваншот кој е закажан за 13 март на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе