Арсовска: Градот ќе биде украсен за празниците, ги повикав сите компании да излезат во пресрет

Македонската метропола сепак ќе добие новогодишна атмосфера иако беше раскинат договорот за украсување потпишан од претходниот градоначалник Петре Шилегов.

„Јас ги повикав, не само една компанија туку сите оние компании, сите оние претпријатија кои што сакаат да покажат сега немаме само енергетска туку имаме и економска, здравствена криза, да ја покажат својата коорпоративно-општествена одговорност и да излезат во пресрет сите оние кои што генерирале некакви профити во оваа година, иако беше тешка, да ја покажат својата одговорност и едноставно да помогнат градот да има навистина убава и празнична атмосфера“, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во синоќешното издание на емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Арсовска додаде дека градот ќе биде украсен и тоа нема да има никакви финансиски импликации врз Град Скопје. 

„Градот ќе биде украсен и во секој случај тоа нема да биде во оној обем во кој што било други години, затоа што сега во овој случај не е само поради енергетската криза, туку и економската криза и ќе биде во помал обем, но сепак целиот плоштад и централното градско подрачје ќе биде соодветно украсено“, нагласи Арсовска.

Таа посочи дека дел од средства Градот ќе ги искористи за помош на граѓаните од социјално загрозени категории, дополнувајќи дека Градот ќе работи транспарентно и без корупција.

„Да покажеме еден поинаков начин на работење. Значи да биде транспарентен, да биде отворен. Толеранција на корупција нула, нема да се толерира корупцијата воопшто никаде во ниту еден ешалон, кај ниту еден човек кој што е вработен во градската администрација“, рече Арсовска.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе