ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Артета: Моето семејство и јас добивме закани

Стратегот на Арсенал е последен во низата индивидуи од Премиер лигата кои се мета на онлајн закани.

Микел Артета сезонава нема успех со Арсенал кој е дури 11-ти на табелата со три натпревари без победа од кои последните два порази од Вулверхемптон (2:1) и Астон Вила (1:0).

Нормално, навивачите на „Топчиите“ се гневни поради ваквиот развој на настаните на нивниот милени, па удрија по шпанскиот стратег преку осцијалните мрежи, а некои и претераа.

„Мислам дека доколку би го читале сето она кои се пишува за нас, веројатно со денови не би станале до кревет“, вели Артета.

„Сите ние сме изложени на такво нешто во оваа индустрија и токму затоа преферирам да не читам бидејќи лично многу би ме погодил моментот кога некој ќе ја вмеша мојата фамилија“.

Токму тоа се лсучило сега. Артета и неговото семсејтсво добиле закани по живот по што го известиле клубот кој веројатно случајот го пријавил и во полиција.

„Тоа се случи, клубот веќе знае за тоа и се обидовме да преземеме нешто околу истото. Јасно ни е дека нема утре да престане ова, но можеме ли нешто да направиме за во иднина? Кон тоа се стремам. Не сум единствениот кој се соочува во вакви работи. Кога победуваш сѐ е убаво и си неверојатен и си најдобриот тренер, а кога губиш тогаш сѐ е спротивно. Таа е реалноста и не е пријатно. Кога е лично кон мене насочено, можам да го поднесам, но кога ќе ти го вклучат семејството, е тогаш е друга приказна“, кажува баскискиот стратег.

Неодамна и тренерот на Њукасл, Стив Брус, доби смртни закани, како и судијата Мајк Дин кој и побара да не суди викендов токму поради истите.

Артета е на клупата на Арсенал од 20 декември 2019 година. Претходно три години беше помошник во Манчестер Сити, а последните пет сезони од играчката кариера ги мина токму во лондонскиот клуб.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more
 

Спорт

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе