Aston Martin го претстави концептот DBR22

Англиската компанија за луксузни спортски автомобили претстави уште еден брзинец, а овој пат се работи за концепт.

Станува збор за концептот DBR22 кој има за цел да ја демонстрира најновата технологија на компанијата Aston Martin и нејзиниот оддел Q by Aston Martin.

Концептот DBR22 е инспириран од тркачкото наследство, поконкретно, им оддава почит на DB3S и DBR1 од 1952 година што Керол Шелби и Рој Салвадори ги возеа за да победат на 24 часа Ле Ман во 1959 година.

Кога работеле на каросеријата, дизајнерите сакале да го минимизираат бројот на панели за да добијат „помускулест“ изглед. Решетката на ладилникот има нов карбонски дизајн со две вертикални летви од двете страни пресечени со хоризонтална летва, а овој дизајн е инспириран од гореспоменатите тркачки автомобили.

Сепак, DBR22 не е фокусиран само на минатото, бидејќи при неговото создавање се користени напредни процеси, технологија и материјали, со што се модернизира „тркачката крвна лоза“ и се создава ново педигре.

Најсовремената технологија го вклучува и начинот на кој брзинскиот возач „управува“ со воздухот околу него, од неговите тенки странични држачи за ретровизори до перфорираниот панел под светлата што овозможува топлиот воздух да избега до задниот дел на автомобилот, кој е комбиниран со дифузор за создавање надолна сила.

Исто така, за прв пат Aston Martin користеше 3D печатач за да ги создаде деловите што ја сочинуваат задната подрамка. Се користеше алуминиум, што овозможи значително намалување на тежината без негативно влијание врз крутоста.

Концептот е придвижуван од 5,2-литарски твин-турбо V12 мотор кој развива 705 КС и 753 Nm вртежен момент, а е поврзан со осумстепен автоматски менувач. Исто така, има систем за обликување на вртежниот момент за оптимизирање на испораката на моќност на патот.

Забрзувањето од 0 до 100 трае помалку од 4 секунди, додека максималната брзина е 319 km/h. Aston Martin тврди дека DBR22 е ѕвер на патеката.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Концепти

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Read more

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе