До добивање официјални препораки

AstraZeneca ќе ја примаат само лица над 60 години

Националната техничка работна група за COVID-19 вакцинација при Министерството за здравство соопшти дека ги следи сите информации во однос на ефикасноста и безбедноста на сите вакцини, вклучително и на вакцината на AstraZeneca.

-Во тек на вчерашниот ден беа разгледани ставовите на Германија и Канада, чии здравствени регулаторни тела одлучија оваа вакцина привремено да ја користат само кај популација постара од 60, т.е. 55 години, стои во соопштението.

Овие одлуки ги темелат на појава на многу ретки случаи на згрутчување на крвта, вклучувајќи и ретки случаи на тромбоза на церебрален венски синус кај лица кои ја примиле вакцината наAstraZeneca.

Во моментов од страна на ЕМА и СЗО нема промена на официјалните препораки во однос на возрасните групи кои може да ја примаат вакцината на AstraZeneca. Засега најголем број европски држави продолжуваат со вакцинацијата на цела популација со вакцината на AstraZeneca, стои во соопштението.

Имунизација со AstraZeneca во нашата земја почна денеска за граѓаните над 77 години и ќе се одвива според националниот план за вакцинација.

Од Национална техничка работна група за COVID-19 вакцинација посочуваат дека внимателно ќе ја следат состојбата и новите информации во однос на употребата на вакцината на AstraZeneca, а како мерка на претпазливост во следните денови до добивање на официјални препораки и ставови, вакцината на AstraZeneca во нашата држава ќе се употребува само кај популација постара од 60 години.

Бенефитот од вакцинацијата неколкукратно е поголем од ризикот на истата и вакцините остануваат единствен начин за сузбивање на пандемијата. Досега од вакцината на AstraZeneca се дадени над 15 милиони дози и бројот на несакани реакции е изворедно мал, стои во соопштението.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе