Барселона и Меси: Како залудно да го потрошиш најдобриот играч во светот?

Шпанскиот гигант Барселона вчера испадна од Лигата на шампиони уште во осминафиналето.

Барселона беше нокаутирана од француски ПСЖ, кој на првиот натпревар на „Камп Ноу“ со 4:1 ги „прегази“ Каталонците и на реваншот одигра 1:1 и ја задржа предноста.

Барселона сакаше да го повтори чудото од „Камп Ноу“ во март 2017 година на „Паркот на принцовите“, кога Каталонците против ПСЖ со три гола во последните седум минути од реваншот направија пресврт на заостанувањето од четири гола од првиот натпревар во осминафиналето на ЛШ, но овојпат парижаните беа многу повнимателни и не дозволија никакво изненадување.

(Повторно) без ЛШ

Ова, според тоа, ќе биде уште една сезона во која Барса нема да ја освои Лигата на шампионите. Тие последен пат го подигнаа трофејот во најелитното европско клупско натпреварување во 2015 година.

Тоа беше единствен пат во последните десет години да ја освојат Лигата на шампионите.

Мадридскиот спортски весник Marca денеска, ден по испаѓањето на Барселона, објави статија под наслов „Барселона и Меси: Како залудно да го потрошиш најдобриот играч во светот?“, во кој анализира како каталонскиот клуб, и покрај тоа што го има најдобриот играч во светот во своите редови, Лионел Меси, не успева да го освои европскиот трон.

Барселона само еднаш стигна до полуфиналето во последните шест години.

Промашени инвестиции

Marca истакнува дека проблемот се појавил кога Бразилецот Нејмар замина во ПСЖ во 2017 година и дека Барселона никогаш, и покрај големите инвестиции, не успеа да го замени на вистински начин.

Во меѓувреме, Каталонците ги доведоа Филипе Кутињо, Усман Дембеле и конечно Антоан Гризман, но ниту една од овие скапоцени ѕвезди не успеа да го замени Нејмар.

Исто така, во последните години Барселона ја напуштија и некои други многу важни играчи, како што се Чави, Андрес Иниеста, Педро, Дани Алвеш, Луис Суарес и поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ, а Marca потенцира дека ни за нив не се донесени соодветни замени .

Симболот на Барселона

Меси цело време остана во клубот и се обидуваше да стори нешто без „неговите пријатели“, а сега ќе биде клучно за новиот претседател Лапорта да му претстави амбициозен проект со цел да го убеди да остане во клубот.

Меси мора да биде во првите редови на трансформацијата на клубот и да им помогне на младите ѕвезди како Ансу Фати и Педри да станат важен дел од тимот. Во исто време тој треба да биде таму за да ги пречека големите имиња кои треба да пристигнат во Барселона за да бидат повторно конкурентни.

Меси заслужува да ја заврши кариерата во Барселона борејќи се за Лигата на шампионите, а не со тоа што ќе излезе на задната врата, заклучува Marca.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе