Бело месо на италијански начин: Потпечено во рерна со моцарела и домати

Пилешкото бело месо со кашкавал е вистински италијански специјалитет кој брзо се подготвува и има рајски вкус.

Пилешкото бело месо со моцарела брзо ќе биде готово, што е одлична опција доколку имате гости. Станува збор за италијански специјалитет - капрезе верзија на пилешко бело месо. Моцарелата е клучна состојка, заедно со чери доматите.

Потребни состојки:

  • 4 парчиња пилешко бело месо
  • 1 лажица мслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 125 гр исечкани чери домати
  • 30 мл балсамико оцет
  • 2 чешниња лук
  • 4 топчиња моцарела
  • 30 гр листови свеж босилок
  • бибер

Подготовка:

За пилешко бело месо со моцарела, загрејте ја рерната на 200°C. Загрејте го маслото во тава на средна топлина. Зачинете ги пилешките гради со половина лажичка сол и бибер по вкус. Ставете го пилешкото во тавата. Пржете 2 до 3 минути од секоја страна, или додека не порумени.

Во меѓувреме, прелијте ги чери доматите со оцет, толчен лук и преостанатата сол. Сето тоа истурете го во тавата врз пилешкото бело месо, па префрлете ја тавата во рерна. Печете 15 минути, или додека не се потпече пилешкото.

Над секое парче пилешко ставете парче моцарела. Печете уште 10 минути, или додека моцарелата не се растопи. Пред сервирање, одозгора посипете босилок.

реклама

Рецепти

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more
 

Магазин

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе