УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/2023

Без капитенот Ристовски и напаѓачот Етеми против Грузија и Бугарија

Филип Здравески
/ 19.09.2022 / 09:16

Нови проблеми за селекторот Милевски во пресрет на натпреварите од Лигата на нации откако поради повцреда отпаднаа и капитенот Стефан Ристовски и напаѓачот Валон Етеми.

Стефан Ристовски; Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги почнува подготовките за двата последни натпревари од групата 3 во Лига Ц од сезоната 2022/2023 во Лигата нации. В петок гостуваме кај Грузија во Тбилиси а во понеделник дома против Бугарија ја спуштаме завесата од оваа сезона.

Поради повреда веќе е познато дека Дарко Чурлинов нема да биде во составот на селекцијата за двете пресметки, но дополнителни проблеми за селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски, се новите две откажувања поради повреда.

Капитенот Стефан Ристовски поради повреда на тетивата и напаѓачот Валон Етеми поради повреда на бутниот мускул, исто така нема да можат да се стават на располагање за овие натпревари. Ристовски викендов воопшто не беше во составот на загрепски Динамо на гостувањето кај Локомотива, исто како и Етеми кој не играше за Истанбулспор против Бешикташ. Ристовски не беше дел ниту од јунските натпревари, исто така поради повреда, што значи дека капитенот во оваа сезона на Лигата на нации нема да одигра нити минута - комплетно ќе ја пропушти.

Од ФФМ информираат дека селекторот подоцна во текот на денот ќе соопшти за дополнителен повик во репрезентацијата. 

Македонската репрезентација денеска во 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го има првиот тренинг од подготовките.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе