Боливија - ракометен рекордер по неверојатни порази

Во голема сенка на Европското првенство пред неколку дена почна првенството на Јужна и Средна Америка каде уште на стартот еден резултат го обиколи светот.

Боливија дефинитивно не е земја на ракометот. Не само што не е, туку играат до степен човек да се запраша зошто се мачат.

Во вторникот во 1. коло од Групата А на континенталниот собир во Бразил боливиските ракометари се сретнаа со актуелниот шампион Аргентина и доживеаја дебакл во буквална смисла на зборот. На полувреме Аргентинците постигнаа 36 гола наспроти само 5 на Боливија, а на крајот на семафорот стоеше 70:8, што значи дека Боливијците дале едвај 3 гола во вторите половина час игра.

Ден подоцна беа нешто подобри бидејќи од Уругвај загубија „само“ со 42:9.

Не е прв пат Боливија да загуби со ваков екстремен резултат. На јужноамериканските ракометни вљубеници резултатите на репрезентацијата на Боливија им се добро познати. На првенството пред две години исто така бележеа слични порази: 7:82 од Аргентина, 9:77 од Бразил, 8:51 од Парагвај, 7:53 од Чиле и, замислете, 1:55 од Уругвај! Да, за цел час игра постигнале само 1 единствен гол.

Веројатно се прашувате како ваква репрезентација се нашла на завршница на континентално натпреварување.

Одговорот е едноставен: Откако Панамериканското првенство се подели на два дела, односно на Првенство на Северна Америка и Карибите и на Првенство на Јужна и Средна Америка, сите јужноамерикански репрезентации имаат право на учество без квалификации - со покана. Колку за информација, Боливија претходно никогаш се немаше квалификувано на заедничкото Панамериканско првенство.

Е сега, веројатно ќе се запрапшате и дали овие момци некогаш успеале некого да победат.

Па да, успеале! Последната победа на Боливија која успеавме да ја „ископаме“ е од октомври 2018 година и тоа со високи 38:21 над Панама во она што е разигрување за избегнување на дното на табелата. Се работи за Првенство на Јужна и Централна Америка за ракометни земји во развој организирано од ИХФ. Боливија завршила 10-та од 11 учеснички - само пред Панама.

Таа победа е на официјален натпревар. Можеби имаат некоја понова на пријателска, но тоа е тешко да се пронајде, а и не е ни важно штом не е официјален натпревар во прашање.

Доколку се прашувате како изгледа еден натпревар на Боливија, и на тоа имаме одговор. Нивниот дуел со Аргентина го има на YouTube и тоа цел натпревар. Па, уживајте!

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе