Борба на титаните: Нгану и Џошуа боксуваат вечерва во Саудиска Арабија

Вечерва во Саудиска Арабија нè очекува голем боксерски спектакл во кој во рингот ќе се соочат Френсис Нгану и Ентони Џошуа.

Вечерашната пресметка во Ријад ни гарантира само едно - еден од двајцата титани нема да го види крајот на борбата на нозе.

Тоа е борба меѓу два нокаути и ќе биде вистинско чудо доколку Нгану и Џошуа ги завршат сите десет предвидени рунди. Впрочем, името на вечерашниот настан Knockout Chaos не е случајно.

Нгану (37) е поранешен шампион на УФЦ во тешка категорија, а во неговата ММА кариера 12 од 17 победи завршија со спектакуларни нокаути.

Во досегашната единствена борба во професионалниот боксер, тој со контроверзна одлука на судиите беше поразен од веројатно најдобриот боксер на денешницата Тајсон Фјури и во текот на борбата успеа да го испрати Британецот во нокдаун.

Џошуа (34) има забележано 27 победи во 30 професионални борби, од кои 24 со нокаут, а до пред две и пол години ги држеше сите појаси во тешка категорија освен WBC, а ги загуби во борба против Украинецот Олександр Усик.

Британецот потоа беше поразен во реваншот од Усик, по што победи против Џермејн Френклин Јуниор, Роберт Хелениус и Ото Валин.

На вчерашното мерење Нгану имаше 123,6 килограми, додека Џошуа 114,5 килограми.

Џошуа е фаворит според букмејкерите, коефициентот на него е 1,35, а Нгану 3,20. За нерешено, шансите се 16.

Во борбата за ко-титула на вечерта силите ќе ги одмерат Жилеј Жанг и Џозеф Паркер, а на победникот ќе му биде доделена привремената титула WBO во тешка категорија.

Настанот во Ријад започнува во 18 часот, а Нгану и Џошуа се очекува да влезат во рингот околу 23:30 часот.

реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе