Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон вечерва би требало да најави нов локдаун во цела Англија.
Новите мерки ќе бидат слични на оние кои беа воведени во март 2020 година.
Во извештајот на BBC се наведува дека новите мерки предвидуваат затворање на училиштата, а на луѓето ќе им биде наложено да работат од дома.
Британскиот премиер ќе се обрати околу 20 часот, а мерките би требало да стапат на сила од полноќ.