Ботаничката градина во Скопје одбележа јубилеј - 70 години постоење

Вкупно 300 грмушки и дрвја од нашето поднебје од кои повеќето засадени пред седум децении, како и 500 алохтони видови донесени од страна, брои Ботаничката градина при Факултетот за природно-математички науки во Скопје.

Ботаничката градина која денеска одбележа 70 години од формирањето, постепено го враќа стариот сјај. Повторно се поставени табличките покрај секое растение за посетителите да прочитаат за кој вид станува збор, се реконструира големиот стакленик, но интензивно се збогатува и збирката автохтони видови.

Како што вели професорката Рената Ќуштеревска, раководител на Институтот за биологија, потребно е време, но и финансии за реконструирање на Ботаничката градина. Последните три до четири години со ентузијастичкиот дух на Институтот се реализираат многу активности поддржани од државниот и невладиниот сектор.

– Секаде каде што сме чукнале на врата и сме објасниле што сакаме да направиме, сме нашле компромис. Постепено почнавме со реконструкција на големиот стакленик и преку различни активности, донации, соработка со невладини друштва, проекти од Општина Гази Баба, успеавме дел по дел да го враќаме сјајот на Ботаничката градина, како што бил пред неколку децении. Во објектот со ендемични растенија почнавме да носиме ретки видови со кои нашето поднебје навистина може да се пофали, со оглед дека сме географски на преод меѓу медитеранска и континентална клима, па имаме многу повеќе ендемични видови од многу европски земји. Но, ова е само почеток за она што планираме да го направиме, изјави Ќуштеревска по повод јубилејот.

Според професорката, целта на Ботаничката градина е посетителите да се запознаат со растенијата кои ги има кај нас, но и да видат видови кои не можат тука да ги сретнат, како тропски или дрвенести растенија од азискиот и американскиот континент.

Посетеноста засега е намалена, а причина за тоа е корона-пандемијата.

– Ковид-панедмијата е причина зошто избегнуваме голему тури. Во 2019 година, пред да почне корона состојбата, нѐ посетија 1.500 уеници од целата држава. Тука одржуваме и едукативни работилници, но покривавме и дел од наставата, рече Ќуштеревска.

Робертина Брајановска од Македонското еколошко друштво вели дека целта на Ботаничката градина е да се популаризира македонската флора.

– Ботаничката градина треба да биде градина во мало што ја отсликува целата македонска флора, но секако и место кое ќе нѐ запознава со други, поинакви видови, нетипични за нашето поднебје. Оваа многу важна институција треба да се развива во насока на заштита на македонската флора преку пресадување на семенски материјал или целосен растителен материјал од природата тука за да може и општата јавност да биде запознаена. Важно е да ја промовираме за да биде вид обележје на Скопје.

Во моментов, МЕД соработува со Ботаничката градина на проект за зачување на пет наши ендемични видови.

Ботаничката градина има вкупно 11 хектари од кои 4-5 хектари се во рамки на ПМФ, а останатите се во парк-шумата Гази Баба.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе