НБА 2021/22

Браќата на Јокиќ му се заканија на Морис: Едниот бил во ММА, другиот фрла ножеви

Немања и Страхиња, браќата на Никола Јокиќ, станаа вистински хит во американските спортски медиуми по инцидентот што се случи на мечот меѓу Денвер и Мајами, а тамошната јавност постојано обрнува големо внимание на конфликтот меѓу одличниот српски играч и Маркиф Морис.

На крајот од натпреварот меѓу споменатите екипи, Јокиќ беше фаулиран на средината на теренот, а потоа реши да возврати против Маркиф Морис и го удри од зад грб, по што заработи исклучување.

Српскиот кошаркар изјави дека се чувствува лошо поради неговиот потег, но братот на Маркиф, Маркус не се помирил со тоа што го направил Јокиќ и му испратил заканувачка порака.

„Чекаше брат ми да го сврти грбот. Ти го памтам ова“, изјави крилниот напаѓач на Лос Анџелес Клиперс.

Кавгата не заврши ниту тука бидејќи се појавија и браќата на Јокиќ, Немања и Страхиња кои од трибините го следеа натпреварот.

„Требаше да остави како што беше, наместо јавно да му се закануваме на нашиот брат. Брат ти прв почна да игра валкано. Ако сакаш да направиш чекор понатаму, биди сигурен дека ќе те чекаме. Браќата Јокиќ“, стои во нивна објава за која новинарот Мајк Сингер од Denver Post добил потврда дека е автентична, односно дека навистина е напишана од браќата Јокиќ.

Сепак, она што стана особено интересно во американската јавност е фактот дека братот на Јокиќ, Немања, своевремено учествувал во неколку ММА борби и забележал четири нокаути во првите четири борби.

Remote video URL

Никола постојано потенцираше дека немаше да му биде така лесно доколку неговото семејство не беше во Денвер.

„Затоа постои семејство и браќата се секогаш тука да ме фалат кога сум добар и да ме критикуваат за погрешните потези. Кавгата понекогаш е добра, а тие ми помагаат да станам подобар играч и подобар маж. Тоа е сѐ што сакам“, изјави еднаш Јокиќ.

Медиумите сега се особено заинтересирани за изјавата на Никола на прашањето дали се плаши од некој центар во НБА лигата.

„Зошто да се плашам? Играм кошарка и се плашам само од една личност во мојот живот, а тоа е мојот брат. Дали сте го виделе?“, изјави тогаш кошаркарот на Денвер.

Remote video URL

Постариот брат Страхиња Јокиќ беше приведен во 2019 година во Денвер поради основано сомнение дека нападнал, турнал и давел жена, а освен тоа, според медиумите во Србија, Страхиња во еден момент го малтретирал Јокиќ фрлајќи му ножеви околу главата и тоа како казна затоа што не сакал да се качи на дрво за време на пикник.

И на крајот од приказната, американските медиуми дојдоа до ново сознание.

Упатените во НБА пренесуваат дека браќата Јокиќ веќе резервирале билети за натпреварот против Мајами Хит на крајот од овој месец, но се уште не се знае на кој дел од трибините ќе се најдат и дали ќе треба дополнително обезбедување околу нив.

Судирот на паркетот, очигледно, ќе добие и второ полувреме, но веројатно повеќе во јавноста отколку што реално ќе се случи.

Во меѓувреме, Јокиќ заработи суспензија од 1 натпревар, додека Морис парична казна.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе