Брз рецепт за сочно пилешко во маринада

Сите сакаат бело месо, па овој рецепт е полн погодок. Се подготвува брзо и лесно.

Белото месо можете да го подготвите на милион начини бидејќи одлично се вклопува со зачини, преливи... Единствено треба да внимавате на тоа да не го препечете или преварите, бидејќи во тој случај ќе биде суво. Готово е за поомалку од половина час, а препорачуваме да го комбинирате со салата по избор или ориз.

Потребни состојки:

  • 300 гр пилешко филе
  • 1 лажица пченкарен скроб
  • 3 лажици соја сос
  • 1 лажица оризов оцет (може и обичен)
  • 3 чешниња лук
  • власец (или младо кромитче)
  • масло
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Во сад измешајте го скробот, соја сосот, оризовиот оцет, сечканиот лук, па посолете и побиберете. Мешајте да нема грутчиња.

Белото месо пресечете го на половина, а потоа излупајте го со чекан за месо. Ставете го месото во сад и нежно втријте ја маринадата во него, па покријте го. Оставете да се маринира околу 15 минути.

Потоа извадете го месото и пржете во тава со малку масло околу 4-5 минути. Послужете украсувајќи го со сечкан власец, или младо кромитче.

Remote video URL
реклама

Рецепти

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more
 

Магазин

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе