Чешка и Словачка не можат да прифатат „погрешно толкување на историјата“

Прага и Братислава објавија заеднички став во кој официјално потврдуваат дека не можат да се согласат со заклучоците предложени од германското претседателство. Главен проблем е реченицата за „погрешно толкување на историјата“.

Чешка и Словачка му се заблагодаруваат на германското претседателство за обидите да се изнајде компромис со Бугарија за заклучоците за проширувањето, но сметаат дека тие се неприфатливи и дека претставуваат опасен политички преседан за процесот.

Во соопштението се потсетува дека заклучоците за Советот на ЕУ треба да „испратат обединета порака“ и имаат директни последици врз иднината на процесот на проширување.

– Со оглед на клучната улога на овој документ и откако внимателно го разгледавме, не бевме во можност да дадеме согласност за нацртот презентиран денеска. Текстот каков што е содржи елементи, вклучително и поимот за фалсификување на историјата, кои сметаме дека ќе бидат многу штетни за процесот на проширување и можат потенцијално да донесат повеќе компликации во иднина, стои во заедничкото соопштение на Чешка и Словачка.

Иако требаше да се усвои документот денеска, тој беше одбиен на барање на министрите за надворешни и европски работи на овие две земји, кои се меѓу најцврстите поддржувачи на проширувањето на ЕУ.

Во реакцијата се бара овој текст да им поднесен на министрите, а не на амбасадорите, со оглед на чувствителноста на темата и процесот.

Двете земји предупредуваат дека оваа формулација поврзана за историјата не е предмет за Европската Унија и дека не ѝ припаѓа на ЕУ да суди кој како се идентификува и каков јазик говори.

– Овие прашања припаѓаат на засегнатите страни и тука сме да им помогнеме со нашето искуство во овој процес на преговарање.

Прага и Братислава потсетуваат дека се „длабоко разочарани“ што преговарачките рамки за Албанија и Северна Македонија не можеа исто така да бидат усвоени оваа година како што се очекуваше.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе