Чимичури: Печено пилешко на аргентински начин - со тиквички

Аргентинското печено пилешко со тиквички се прави со ароматичен сос, што го прави ова јадење различно.

Печеното пилешко со тиквички на аргентински начин се прави така што сè заедно се пече во тава. Суштината на ова печено пилешко е во сосот наречен чимичури, кој се прави од свежи билки, оцет и лук.

Потребни состојки:

  • 1 кг пилешки батаци или стекови
  • 800 гр тиквички, излупени и многу тенко исечени
  • 2 црвени кромида, ситно сечкани
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажички листови мајчина душица
  • сол
  • бибер

за сосот:

  • 1 чешне лук (ситно сечкано)
  • 1 лажичка суво оригано
  • 2 лажици бело вино или јаболков оцет (плус уште ако е потребно)
  • сок од половина лимон
  • ½ лажичка лута пиперка
  • 1 нишка магдонос
  • 1 шалот (француски кромид, ситно сечкан)
  • 70 мл маслиново масло
  • сол

Подготовка:

Прво изматете ги сите состојки за сосот додека не се изедначи, додадете сол, плус повеќе оцет по вкус и повеќе масло, доколку е потребно. Доколку немаше шалот користете обичен кромид.

Половина од сосот измешајте со пилешкото во сад за да се премачка месото, покријте го и оставете го да се маринира во фрижидер најмалку 1 час, иако колку подолго, толку подобро. Извадете го пилешкото од фрижидер околу 20 минути пред да планирате да го готвите.

Загрејте ја рерната на 180°C. На голем плех измешајте ги тиквичките и кромидот со 2 лажици маслиново масло и сите листови мајчина душица, па зачинете со сол и бибер. Одозгора ставете го пилешкото, прелијте го со преостанатата 1 лажица маслиново масло, па повторно зачинете со сол и бибер. Печете 35-40 минути, или додека пилешкото не е целосно сварено и меко. Додадете уште зачини доколку е потребно, а потоа прелијте го со преостанатиот сос за да го послужите.

За чимичури пилешкото рецептите варираат во состојките, но не драстично. Можете да го направите и овој:

Remote video URL
реклама

Рецепти

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more
 

Магазин

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе