ЛА ЛИГА 2022/2023

Да не беше ВАР, Реал и Барса ќе имаа ист број на бодови

Доколку немаше интервенции од ВАР собата, по 25 кола во Ла Лига екипите на Барселона и Реал Мадрид сега ќе имаа ист број на бодови.

Благодарение на системот за видео арбитража, Каталонците освоија 4 бода, додека во исто време Кралскиот клуб загуби 5. Без корекции на одлуките, со помош на ВАР системот, шпанските гиганти би биле израмнети на врвот со по 61 бод.

Барселона во неделата навечер го совлада Атлетик со 1:0 како гостин во Билбао. Во 87. минута судијата Хесус Хил Мансано го поништи голот на Ињаки Вилијамс поради играње со рака на Икер Муниаин. Оваа одлука беше донесена по разгледување на ситуацијата со ВАР.

„Имаше допир на топката со рака, од страна на Муниаин, но не беше толку јавно и очигледно дека голот веднаш ќе биде поништен. А Де Јонг со подадена рака се избори за топката. Оваа одлука мораше да ја донесе судијата и ВАР не требаше да се меша“, изјави поранешниот елитен судија Алфонсо Перес Буруљ.

„Сѐ уште мислам дека топката го погоди Муниан во рамо. Погодокот не може да се поништи поради оваа ситуација. Оваа одлука нѐ чинеше бодови“, се жали дефанзивецот на Баскијците, Микел Балензиага.

Барселона е лидер на табелата со 65 бодови, а Реал Мадрид е на второто место со 56. Следното коло на програмата е токму големото дерби меѓу овие два ривала и тоа на „Камп Ноу“.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Read more

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more
 

Спорт

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе