Џафери побара да се обезбеди кворум, ВМРО-ДПМНЕ не е во салата

Скопје, 8 јуни 2022 (МИА) – Собранието денеска треба да ја одржи 74-тата седница на чиј дневен ред има 20 точки меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, по скратена постапка.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја отвори седницата со 50 минути задоцнување, но таа не може да започне бидејќи во салата нема кворум.

Џафери ги повика координаторите на пратеничките групи да обезбедат кворум за работа на пленарната седница. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ засега не присуствуваат на седницата.

Собранието синоќа работеше до три часот по полноќ, а по првата точка од дневниот ред на 73. седница беа пријавени дури 18 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, додека ноќта на седницата не присуствувале пратениците од мнозинството.

Во рамки на 74. седница закажана за денеска, освен извршувањето на Буџетот, пратениците треба да ги разгледаат и предлог законите за дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за изменување на Законот за заштита на децата, и за дополнување на Законот за стоковните резерви, сите по скратена постапка

На дневниот ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност, на Законот за Бирото за развој на образованието и на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата, трите по скратена постапка.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе