Џафери: Преурането е да се коментираат најавите за уставни измени и за референдум

Скопје, 28 јули 2022 (МИА) – Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со новинарите рече дека не се подготвува за предвремени избори, потсетувајќи ја притоа опозицијата дека за тоа се потребни претходни подготовки имајќи предвид дека сто дена пред вакви избори е потребно формирање техничка Влада.

Џафери рече исто така дека е преурането да ги коментира најавите за уставни измени и за референдум во врска со европскиот предлог.  -Нема материјал за да се изјаснам. Опозицијата хипотетички прави ситуација, истакна претседателот на Собранието.

Во врска со актуелните случувања во Парламернтот со немањето кворум и активната блокада од ВМРО-ДПМНЕ, Џафери беше дециден дека пратениците треба да си ја заработат платата и да бидат во салата, а дека проблемите во владејачката коалиција треба да се решаваат политички, а не со неприсуство и негласање на законите.

-Не е прашањето на еден субјект, туку еден па друг субјект. Ако односите во извршната власт имаат проблем поради политичките договори, треба таму да ги решаваат. Мене политички договори не ме интересираат. Овде сме дојдени за гласање на закони, рече Џафери.

На средбата со лидерите на парламентарното мнозинство не присуствувале Африм Гаши од Алтернатива и Павле Трајанов од ДС.

-Има две решенија или ќе бидеш присутен или ќе го распуштиш Собранието или направи друго мнозинство. Должни се да присуствуваат на седница, истакна тој. Грешат ако сметаат дека Собранието, како што потенцира, е точката каде што ќе псотавуваат ултиматум.

-Не ме условуваат мене, туку граѓаните, рече претседателот на Собранието.

Џафери на средбата со новинарите информираше дека од почетокот на неговиот мандат на 4 август 2020 година одржани се 83 седници со 973 точки на дневен ред. Завршени се 54 седници, додека 29 незавршени со 80 точки. Во прегледот тој ја презентираше и работата на комисиите, каде според него се заглавени повеќе закони и покрај тоа што биле исполнети условите и изминати роковите. Во тој контекст Џафери ги обвини опозициските пратеници, кои се претседатели на дел од комисиите, дека блокирале дел од законите.

Одговарајќина тврдењата дека Собранието е неефикасно и нефукцинонално поради немање кворум, Џафери потенцира дека од почетокот на неговиот мандат само 10 отсто од точките што биле на дневен ред на седниците не се завршени.

Побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги остават партиските прашања надвор, дека не може да бараат пауза, а да не се во собраниската сала, дека не смее никој да излезе на говорница додека не добие збор, како и дека не може за него да изнесуваат навреди на лична основа а тој да не одговори на тоа.

-Ако некој почнал на лична основа јавно да ме навредува, што сум јас таму. Не е ниту еден отсто тоа што им враќам на тие навреди. Мора да сметаат на мојот карактер и јас имам праг на толеранција, вели Џафери.

За отсуствата од седниците на лидерот на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, вели дека за изјаснување односно гласање тие се најредовни во Собранието. Осуството на Ахмети, според него, е поради партиски активности како лидер на партија.

Собранието официјално оди на одмор по Илинден, а првите активности се очекуваат од 29 август. Првата редовна седница ќе биде закажана за 13 септември, а дотогаш ќе се одржуваат седници на комисии и продолженија на незавршени седници.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе