Дилета Леота „дебитираше“ во Англија, навивачите ѝ скандираа

Една од најпознатите и најубавите спортски новинарки во светот – Италијанката Дилета Леота - привлече големо внимание на стадионот на Ливерпул „Енфилд“, а особено беше интересно како гостинските навивачи на Наполи ја поздравија кога убавицата пристигна на теренот.

На Дилета, пишуваат медиумите во Италија, ова ѝ бил прв натпревар кој го одработила надвор од Италија, а додаваат дека во последните недели многу внимание посветила на курсевите по англиски јазик со цел нејзиното излагање да биде што е можно попрофесионално и да се претстави во најдобро светло на нејзиното „деби“.

Кога се појави на теренот, Дилета наиде на огромно изненадување и веројатно не ни очекуваше дека навивачите на Наполи ќе скандираат и ќе ја поздрават од трибината на гостинските навивачи, што од друга страна доволно зборува за нејзината популарност и препознатливост.

Иако скандирањето во суштина беше од шеговит карактер, по изразот на лицето на згодната новинарка можеше да се забележи дека ѝ се допадна песната на навивачите на Наполи.

Remote video URL

Како што е секогаш случај со неа, така и овојпат го привлече вниманието со изгледот. На „Енфилд“ се појави во краток црн фустан и кожена јакна, а изгледот го заокружи со високи црни потпетици.

Нејзин гостин за време на директниот пренос беше легендарниот Емил Хески.

Што се однесува до натпреварот, Ливерпул победи со 2:0 со голови на крајот од средбата, но тоа не беше доволно за да го заземе првото место во групата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе