Драстична казна за МЗТ поради коментари на Facebook и Instagram

КФСМ денеска го информира МЗТ дека Дисциплинската комисија донела одлука да го казни клубот со 300.000 денари, а директорот Тони Грнчаров со двегодишна суспензија и тоа поради коментраи на две социјални мрежи.

Одлуката е донесена уште на 8 октомври, а КФСМ дури сега го информирала клубот од населбата Аеродром. Од таборот на „Штрковите“ со право се бесни на ваквиот расплет на настаните, особено што казната е поради коментари на Facebook и Instagram, што е нешто досега невидено не само во макбаскетот туку и во спортот кај нас во целост.

„Ваквата одлука, на која би им завиделе дури и во земја како Северна Кореја, каде што демократијата, човековите права и слободата на говор се еднакви на нула, е донесена по пријава на Перо Антиќ, првиот човек на македонската кошарка, кој по некоја 'случајност' е прв меѓу еднаквите во Управниот одбор, кој самиот го предлага, а кој потоа ги избира членовите на Дисциплинската комисија. Подобра потврда на народната 'Кадија те тужи, кадија те суди' не може да се најде ниту во најдобрите епизоди од 'Македонските народни приказни'“, соопшти денеска клубот на својата официјална веб-страница.

„Господинот Антиќ, според членовите на ДК, бил навреден што неговиот лик бил 'заматен' на фотографија објавена на социјалните мрежи на МЗТ и што била објавена 'навредлива', најверојатно само според неговите сфаќања, објава 'Добро утро освојувачи на Суперкупот и останати битни и – небитни'. Со тоа, со негово чувство на навреденост сочувствувале членовите на ДК, кои, по игра на случајноста, за својата работа хиерархиски одговараат токму на него (прочитај погоре зошто) и кои за статус во кој тој ниту е спомнат ниту за него е искажан некој збор, го казнуваат МЗТ со 300.000 денари. Случајно или не, ДК во своето образложение не потенцира дека на 'спорната' фотографија не е заматен само ликот на Антиќ туку поголемиот дел од целата фотографија освен делот што е важен за целната публика, за која и постојат нашите социјални мрежи – капитенот Дамјан Стојановски и Горан Василов, синот на нашата клупска легенда Драган Василов“, допонува клубот.

Од клубот информираат и дека ќе ја бараат правдата ако треба и во Стразбур, бидејќи ваквата казне не ја прифаќаат и нема да ја прифатат ниту во иднина. Воедно, најавија ќе бараат претседателот на Федерацијата да биде отстранет од функцијата.

„Одлуката на 'кадијата' за тужбата на 'кадијата' дефинитивно нема да ја прифатиме мирно и сигурно ќе се жалиме до Арбитражната комисија. Решени сме да ја истуркаме правдата на виделина, макар стигнале до Европскиот суд за човековите права во Стразбур. Ова е преседан што ако сега не биде побиен, а сторителот казнет (со отстранување од функција), тогаш утре ќе може да му се случи на секој друг клуб и кошаркарски работник. Дури и на тие што во моментов сметаат дека имаат пријателски врски и некаков видлив или невидлив бенефит од него. Бидејќи ние како клуб и како кошаркарски работници не сакаме да бидеме дел од национална федерација која е претставник на државата каде што се казнуваат вакви работи само поради лична нетрпеливост, без воопшто да се докаже делото односно да се каже во кој дел и каде е навредата која толку многу го погодила господинот Антиќ“.

Тагови
реклама

Кошарка

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе