Експерт на СЗО: Наивно е да мислиме дека ќе го најдеме нулта пациентот на COVID-19

Член на тимот предводен од Светската здравствена организација (СЗО) што спроведува истрага во Вухан, кинескиот град каде првпат беше регистриран коронавирусот, рече дека е изненаден од комплексноста на задачата да се открие потеклото на вирусот и дека истражувањето би траело со години.

Доминик Дваер, микробиолог и експерт за заразни болести, рече дека кинеските власти добиле пристап до истражувачка група во Вухан да ги испитаат почетоците на пандемијата на коронавирусот што за првпат беше регистриран во овој кинески град.

„Секој знае како избувна пандемијата од пазарот Хуанан во Вухан, но клучно е да се открие што се случило тогаш и претходно“, рече Дваер.

Потеклото на коронавирусот стана многу исполитизирано прашање по меѓународните критики до Кина за недоволната транспарентност во раните денови на епидемијата. Пекинг ја застапува теоријата дека вирусот можеби потекнува од друго место.

Дваер, австралиски експерт за ХИВ, кој работеше со СЗО за време на епидемијата на САРС и птичји грип, рече дека главната „загатка“ на COVID-19 е тоа што првите асимптоматски пациенти не знаеле дека носат вирус.

„Наивно е да мислиме дека ќе го најдеме нулта пациентот“, рече експертот на СЗО. Раните случаи беа забележани во ноември 2019 година, но најважно е што се случило непосредно претходно, рече Австралиецот.

Дваер се согласува со Питер Дазак, зоолог и експерт за болести на животни, исто така член на тимот, кој нагласува дека ќе биде многу тешко да се разбере потеклото на коронавирусот.

„Дури и со САРС и ебола, имаме неколку добри идеи, но никој не е сигурен“, рече Дазак за Ројтерс во четвртокот.

Истражителите посетија болници, истражувачки центри и пазар на морска храна каде што бил пријавен првиот случај, но нивните контакти во Вухан биле ограничени на посети организирани од кинески домаќини.

Двајер рече дека тимот завршил со разгледување на страниците и се подготвува да ги презентира првите заклучоци што е можно поскоро, пред да истече 28-дневната виза на членовите на истражувачката група кон крајот на следната недела.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Наука

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Read more

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе