СЕРИЈА А 2022/2023

Елмас стрелец за Наполи, голот го посвети на разурнатата Турција

Филип Здравески
/ 13.02.2023 / 10:39

Македонскиот репрезентативец по шести пат саезонава се запиша во листата на стрелците во Серија А, а овој пат имаше посебна порака при славјето на погодокот.

Лидерот во Калчото, екипата на Наполи, синоќа на домашен терен на стадионот „Диего Армандо Марадона“ ја пречека екипата на последнопласираниот Кремонезе и оствари рутинска победа од 3:0. Нашиот Елиф Елмас натпреварот го почна од клупата за резерви, а во игра влезе во 70. минута на местото на Полјакот Пјотр Желињски, кога неговиот тим водеше со 2:0 со головите на Хвича Кварацхелиа и Виктор Осимхен.

Девет минути по влегувањето во игра, Елмас иташе кон гостинскиот гоил, за момемнт ја врати топката назад до Џовани Ди Лоренцо пред овој повторно да му ја додаде и од прва со десна ја смести во мрежата на немоќниот Марко Карнесеки.

Откако го постигна голот Елмас со рацете направи знак на ѕвезда и месечина, што е симбол на Турција и кој го има и на знамето на оваа земја каде Елмас настапуваше пред да дојде во Италија, во тимот на Фенербахче.

URL

Ова е вкупно шести гол за Елмас во Серија А сезонава, а има и една асистенција.

Ова беше и своевидна одмазда на Наполи за шокантната елиминација од Копа Италија токму од малиот Кремонезе.

Remote video URL

Наполи е убедливо прв во Калчото со 59 бодови, 16 пред второпласираниот Интер кој вечерва против Сампдорија го игра својот натпревар од ова 22. коло.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе