Ембиид постигна достигнување за кое НБА чекаше од 1982 година

Уште една ноќ за паметење на паркетите ширум НБА имаше Камерунецот Жоел Ембиид кој ја предводеше својата Филаделфија до победа над Индијана со 133:120.

Синоќа на терените во НБА се одиграа четири возбудливи и ефикасни натпревари. Програмата ја отвори фантастичната изведба на Ембиид.

Камерунецот постигна 41 поен со 20 скока и со тоа влезе во историјата. Без разлика на скорот на последниот натпревар против Детроит Пистонс, тој ќе ја заврши сезоната со повеќе од 30 поени по натпревар во просек.

Remote video URL

Ниту еден центар во НБА лигата не го направи тоа од 1982 година и Моузис Мелоун, што доволно зборува за тоа каква сезона има центарот на Филаделфија.

URL

Голден Стејт Вориорс го обезбеди третото место во плеј-офот со победата од 100:94 на гости кај Сан Антонио Спарс. За Вориорс ова беше важна победа, обезбедувајќи го третото место пред плеј-офот, додека Сан Антонио ќе биде во плеј-инот над 10. место.

Голден Стејт речиси сигурно во првото коло ќе игра со Денвер Нагетс, додека Сан Антонио во првото коло од плеј-инот ќе оди на Њу Орлеанс Пеликанс.

Во преостанатите два натпревара Мемфис ги совлада споменатите Пеликанс, додека Клиперс беа подобри од Сакраменто.

Резултати:

Филаделфија 76ерс - Индијана Пејсерс 133:120
Мемфис Гризлис - Њу Орлеанс Пеликанс 141:114
Сан Антонио Спарс - Голден Стејт Вориорс 94:100
Лос Анџелес Клиперс - Сакраменто Кингс 117:98

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Што му предвидува викенд хороскопот на вашиот знак?

Read more

Tрик што ќе ви помогне како да изберете блага лубеница

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Како да добиете интернет на плажа во Грција за само 10 евра за 7 дена?

Read more

Кошарка

АБА со 18 клубови: Се приклучуваат Романци и Австријци – лигата се дели на две групи

Read more

Јокиќ, Адетокунбо и Дончиќ во ист тим? Нешто се готви...

Read more

Уште една ѕвезда ги напушти Санс: Бредли Бил има нов клуб

Read more

Леброн ги напушта Лејкерс?

Read more
 

Спорт

Драма на ЕП: Шведската голманка одбрани четири пенали, па стана трагичарка на мечот

Читај повеќе

На повидок 3 големи промени во фудбалските правила пред Мундијалот

Читај повеќе

Снуп Дог му се придружи на Модриќ - стана ко-сопственик на Свонси

Читај повеќе

АБА со 18 клубови: Се приклучуваат Романци и Австријци – лигата се дели на две групи

Читај повеќе

Вардар по заверка, Силекс и Работнички во невозможна мисија

Читај повеќе

Јокиќ, Адетокунбо и Дончиќ во ист тим? Нешто се готви...

Читај повеќе

Русија нема право на настап на Олимписките игри, но сака да биде домаќин

Читај повеќе

Уште една ѕвезда ги напушти Санс: Бредли Бил има нов клуб

Читај повеќе

Познатата фотка на Ибра доби нова верзија и стана насловна на популарна игрица

Читај повеќе