НБА 2021/22

Феникс го среди и Лејкерс, Хаслем на 41 година ја постигна само шестата тројка

Феникс Санс се зацврсти на врвот во НБА лигата со 25 победи во 30 натпревари сезонава. Овој пат славеа на гости кај Лејкерс кој настапи преполовен од повреди и ковид-позитивни.

Девин Букер постигна 24 поени во својот втор натпревар по тринеделната пауза поради повреда, а Деандре Ајтон постигна 19 поени со 11 скока и само две промашувања од натпреварот. Лејкерс ги предводеше Леброн Џејмс со 34 поени, Расел Вестбрук додаде 20, но сите освен Тревор Ариза (12) целосно потфрлија.

Леброн мина 34 минути на паркетот, а Санс буквално ја изградија целата предност во преостанатите 14 минути кои ги мина на клупата. За Лејкерс ова беше трет пораз во низа и сега повторно паднаа на половичен учинот од 16-16.

Remote video URL

На 41 година ја постигна само шестата тројка во кариерата

Убедлив беше и Мајами Хит кој ја совлада Индијана Пејсерс со 125:96, а најемотивниот момент од играта се случи во последната четвртина кога во игра влезе Удонис Хаслем, кој набрзо погоди тројка со која Мајами го израмни клупскиот рекорд со 22 далечински фрлања на натпревар.

URL

Хаслем има 41 година и е најстариот играч во НБА лигата, каде што дебитираше во 2003 година, како и Леброн Џејмс. Тие двајца и Кармело Ентони се единствените преостанати активни играчи од таа генерација. Хаслем целата своја кариера ја мина во Мајами, каде во последните години повеќе служеше како помошник тренер, па лидер и чувар на редот во соблекувалната, а ова му беше само 21. настап во последните четири сезони.

Ова беше негова шеста тројка во 19 години НБА кариера, а има шутнато околу 60.

Во преостанатите натпревари, Далас иако без Лука Дончиќ, но и Порзињѓис и Хардавеј Јуниор, успеа да ја победи Минесота, Њујорк беше подобар од Детроит, а Њу Орлеанс го победи Портланд.

Резултати:

Бруклин Нетс - Вашингтон Визардс одл.
Мајами Хит - Индијана Пејсерс 125:96
Њујорк Никс - Детроит Пистонс 105:91
Њу Орлеанс Пеликанс - Портланд Треил Блејзерс 111:97
Далас Маверикс - Минесота Тимбервулвс 114:102
Лос Анџелес Лејкерс - Феникс Санс 90:108

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Кошарка

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе