Филипче: Инфективните одделенија и клиниките се оптоварени

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја одржува редовната прес-конференција на која извести за состојбата со COVID-19 во земјава, заедно со директорката на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ.

Тој потврди дека во последните 24 часа се направени 1.391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на COVID-19, од кои 140 во Скопје.

„Во изминатите 2-3 дена активно се работеше на реорганизација и планирање на капацитетите со цел да одговориме на напливот на пациенти чија бројка во овој момент изнесува околу 330 во сите јавни здравствени установи во земјава, пациенти позитивни на COVID-19. Инфективните одделенија и клиниките се оптоварени, дел од здравствените работници навистина се изморени после четиримесечна борба со коронавирусот. Состојбата на сите одделенија бара постојан надзор и реорганизација на работата“, рече Филипче.

„Целиот фокус во овие изминати денови го насочивме кон клиничкиот дел и менаџментот на пациенти во периодот којшто е пред нас. Во оваа фаза од епидемијата мора да се организираме и да се подготвиме за целосно амортизирање на напливот на пациенти преку мобилизација и организација на сите расположливи ресурси во нашата земја. Мораме и можеме да го заштитиме здравствениот систем, да го намалиме колку што може повеќе притисокот врз здравствените работници и да обезбедиме прием и добро лекување на сите пациенти кои имаат потреба од тоа“, потенцира Филипче.

Тој се осврна на подетална анализа, како и со моментната состојба во болниците каде има голем број пациенти, а здравствените работници се борат за животите на сите пациенти.

– Од вчера на ротација и помош во Скопје на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“ пристигнаа вкупно 54 доктори и медицински сестри. Тие веќе почнаа да работат, со што е намален притисокот, што го имаше во изминатите денови. Веќе е направен план и за следни ротации и прераспределба на кадар, како од клиниките, така и од сите болници и здравствени домови од земјава. Во моментот капацитетите на клиниките и одделенијата се различно пополнети, во зависност од капацитетите. Пополнетоста е далеку од максимумот, повеќето клиники и инфективни одделенија и покрај тоа имаат потреба од поддршка, од дополнителен број доктори и сестри и токму тоа се спроведе во изминатите денови, рече Филипче.

Во однос на реорганизацијата, додаде дека веќе разговарал и со приватните клиники и болници кои го понудиле и својот персонал како поддршка, за што и деновиве ќе се направи распоред, и по потреба и тој кадар ќе биде на помош во јавно здравствените установи.

Раст на заболени од COVID-19 бележат и земјите од регионот

Раст на бројот на заболени од коронавирусот бележат и земјите во нашиот регион. По еден пик на број на новозаболени од почетокот на пандемијата вчера имаа и Бугарија – 112, Албанија – 62, Косово – 141, Босна и Херцеговина – 45 и Србија – 59.

Во последните 24 часа во земјава направени се 1.391 тестирање, регистрирани се 193 нови случаи, од кои најмногу во Скопје – 140, Куманово двајца пациенти, Дебар еден, Штип шест, Тетово 19, Струга 5, Велес двајца, Охрид 11, Гостивар 4, Свети Николе 1 и Ресен двајца пациенти.

„Вкупно регистрирани се 46 оздравени, во Скопје 35, Куманово 1, Штип 6 и по еден во Струга, Гостивар и Валандово. Починати се девет лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден од Тетово и еден пациент од Охрид. Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја изнесува 4.482, бројката на оздравени 1.803, починати 210 и во моментот бројот на активни случаи 2.469 пациенти“, рече Филипче.

Во однос на состојбата на клиниките, посочи, на Инфективната клиника се примени 15 пациенти од кои седум се префрлени од Градската општа болницата „8 Септември“, вкупно се хоспитализирани 95 пациенти, на кислородна поддршка се 43 и нема пациенти на механичка вентилација.

- Во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 пациенти, вкупно хоспитализирани 109 пациенти од кои на респираторна машина се седум пациенти. Во болницата во Битола хоспитализирани 29 пациенти, во Штип 21 пациент, и во останатите одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, има вкупно 74 пациенти. На Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје во овој момент нема хоспитализирана пациентка која е позитивна на вирусот, има осум пациентки кои што се примени и за кои се чека резултатот од тестирањето додаде Филипче.

Прес-конференцијата е во тек.

Remote video URL
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Read more

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Read more

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе