НАЈЧУДНОТО СООЧУВАЊЕ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ДОСЕГА

Фјури до Вајлдер: Ќе те прегазам како камион

Соочувањето помеѓу боксерот Тајсон Фјури и неговиот противник Дионтеј Вајлдер се одржа пред нивниот натпревар закажан за 24 јули во Лас Вегас, а Фјури најави нова победа.

Вајлдер зборуваше само кратко на прес-конференцијата, а меѓу другото му се заблагодари и на неговиот правен тим што се избори за овој натпревар.

Тој одби прашања и целото внимание го насочи кон Фјури.

„Минатиот пат го открив мојот план, бидејќи тој не беше доволно добар за да направи нешто. Овојпат ќе го сторам истото. Вајлдер е предвидлив, ќе го прегазам како камион. Гарантирам дека нема да стигне подалеку од минатиот пат. Претходно имав само пет-шест недели за тренирање. Овојпат тренирав 18 месеци, кревам тегови, сакам страшен нокаут. Не верувам дека тој е психички, физички и емоционално присутен, го прави ова од погрешни причини, и кога луѓето го прават тоа, настрадуваат“, рече Фјури.

URL
URL

Вајлдер двапати го испрати Фјури на под во првата борба која заврши нерешено, додека во втората Фјури славеше.

И неговиот тренер го пофали.

„Сега има доволно сила да нокаутира човек со еден удар. Среќен сум поради тоа, како и поради другите боксерски вештини“, рече тренерот Шугархил Стјуард.

Тренерот на Вајлдер, Малик Скот, имаше готов одговор.

„Претходно не сте нокаутирале никого со еден удар. Дионтеј е сирова сила, тој е ментално прилагоден. Ќе стане двоен шампион со нокаут“, рече Скот.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе