Карим Бензема ќе го пропушти Светското првенство во 2022 година, објави официјалниот сајт на Француската фудбалска федерација.
На 34-годишниот Французин му била констатирана повреда на квадрицепсниот мускул на левата надколеница, што нема да му дозволи на играчот да учествува на Светското првенство во Катар.
Отсуството на најдобриот фудбалер за оваа година е голем хендикеп за „триколорите“ кои пред Мундијалот се помеѓу топ фаворитите за освојување на трофејот.
Франција во групата Д ќе игра против Австралија (22 ноември), Данска (26 ноември) и Тунис (30 ноември).