Георгина Родригес во Венеција: Необичен избор на обувки и додаток од 300.000 евра

Георгина Родригес традиционално гостуваше на филмскиот фестивал во Венеција, а на црвениот тепих се појави во долг црвен фустан, додека претходно покажа уште неколку впечатливи комбинации.

Партнерката на Кристијано Роналдо присуствуваше на проекцијата на филмот „Enea“, а на црвениот тепих кој ѝ претходеше се појави во црвен долг фустан со спуштени прерамки и нагласено деколте.

Со фустанот носеше чокер ланче со привезок, а на рацете имаше долги бели ракавици над кои носеше прстени и нараквица.

Под долгиот фустан имаше црни чизми на платформа кои беа во контраст со елегантната комбинација на фустан и ракавици.

Пред да се прошета по црвениот тепих, шпанската инфлуенсерка беше фотографирана како пристигнува на фестивалот облечена во црвени сандали со прерамки во комбинација со мини фустан.

Фустанот беше изработен од црвена ткаенина со омбре ефект на рабовите и течеше во нијанси на портокалова и жолта боја.

Сепак, најголемо внимание украде модниот додаток кој го носеше при пристигнувањето во самата Венеција. Споделувајќи фотографии на Instagram од авионот, Родригес можеше да се види како носи црн корсет и панталони.

Во раката имаше чанта Hermes Birkin, која по стил наликува на мат белиот модел Diamond Himalaya Niloticus Croco Birkin 30, кој беше продаден на аукција за повеќе од 280.000 евра.

Цените на овие модели достигнуваат и до 500.000 евра, во зависност од состојбата и крокодилскиот принт.

реклама

Стил

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Read more

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more
 

Магазин

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе