Според информациите кои ги објавија португалските медиуми, офанзивниот играч од средниот ред на Ливерпул ќе го пропушти светскиот собир во Катар поради повреда.
Повредата која Португалецот ја заработи на дербито против Манчестер Сити очигледно не е наивна и како што стојат работите нема да може да се опорави до почетокот на Мундијалот во Катар, пишува A Bola.
Иако резултатите од магнетната резонанца сѐ уште не се објавени, A Bola дознава дека закрепнувањето сигурно ќе трае повеќе од еден месец, што автоматски го елиминира Жота од конкурирање за во Катар.
Диогу Жота (25) потпиша за Ливерпул во 2020 година, а за португалската репрезентација има постигнато 10 гола на 28 натпревари. Минатата година беше стандарден играч на Европското првенство.
„Прекрасната ноќ на Енфилд за мене заврши на најлош можен начин! Во последната минута еден од моите сонови исчезна. 💔 Ќе бидам уште еден навивач повеќе, на клубот и репрезентацијата, и ќе се борам да се вратам што е можно побрзо.🙏 You will never walk alone“, напиша Жота на Twitter.