СЕРИЈА А 2021/22

Ибра: Стареењето ми го забавува шутот

Златан Ибрахимовиќ синоќа го предводеше Милан до голема дерби победа на гостувањето во Рим кај тимот на Жозе Мурињо.

„Добра партија. Одигравме со многу самодоверба и во наш стил. Знаевме дека нема да биде лесно. Рома сезонава беа непобедени дома, но ние одигравме навистина добро и мора да продолжиме со ваква верба и темпо“, вели тој говорејќи за DAZN.

Швеѓанецот во 26. минута го отвори резултатот со гол од слободен удар, упатувајќи силен и прецизен удар ниско, малку над земја, под живиот ѕид.

„Од време на време, правам вакви изненадувања. Секогаш мора да се обидувате, затоа што и неуспехот е дел од успехот, така да мора да продолжувате да се обидувате“.

Новинарот на Ибра му откри дека топката од неговиот слободен удар одела со брзина од 101 километар на час.

„Ах, обично оди побрзо! Барем 200! Мислам дека шутот ми забавува како што стареам“, се насмеа Златан.

Во 50. минута ВАР му поништи гол поради офсајд,  а седум минути подоцна Кеси од пенал го дуплираше водството откако токму Ибра беше фаулиран. Во судиското надполнување Рома само го ублажи поразот преку Стефан Ел Шаарауи.

Remote video URL

Ибра синоќа беше навредуван од домашните навивачи.

„Потребни ми се такви скандирања, колку повеќе ги има толку повозбудено се чувствувам. Адреналинот носи многу придобивки. Сакаме да победуваме, особено кога играме вакво дерби и со играч помалку. Покажавме дека имаме карактер и дека можеме да играме и под притисок. Момците одиграа одлично“.

Милан е на делба на врвот заедно со Наполи и сезонава нема пораз, само едно реми, останатото му се само победи. Фактички, Милан ита кон Скудетото.

„Ќе се обидеме. Веруваме, досега сме добри, но сезоната е долга и мораме да продолжиме да бидеме конзистентни во нашата работа. Веруваме, но рано е. Одиме натпревар по натпревар“, вели тој за шансите на Милан за прва титула по 10 години.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе