СЕРИЈА А 2020/21

Интер го пушта Наинголан на позајмица во Каљари

Раџа Наинголан повторно се враќа во Каљари откако Антонио Конте не смета на неговите услуги.

Откако се повреди Марко Рог, претседателот Томазо Џулини реши да побара замена во играчот на Интер, кој минатата сезона одлично играше во Каљари. Хрватот има повреда на коленото од која не се знае кога ќе се опорави, па Наинголан е совршена замена не само поради неговите способности, туку и поради фактот што тој е навикнат на животот во најголемиот град на островот Сардинија.

И минатата сезона тој играше за Каљари како позајмен од Интер откако Конте оцени дека не му е потребен иако претходната сезона „Нераѕурите“ на Рома ѝ искешираа 38 милиони евра за неговите услуги. Лани за Каљари одигра 26 натпревари во Серија А на кои постигна 6 голови и 5 асистенции.

Оваа сезона за Интер одигра едвај 5 натпревари и тоа сите како замена со вкупна минутажа од 45 минути. Отсуствуваше поради позитивен тест за COVID-19, а потоа и поради мускулна повреда.

Не само поради минатата сезона, Каљари воопшто не е непозната дестинација за Белгиецот бидејќи од 2010 до 2014 настапуваше токму за овој клуб, а одличните игри потоа го одведоа во Рома.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе