Руската манекенка Ирина Шајк е една од убавиците кои позираа во моделите од новата колекција долна облека на брендот Victoria’s Secret.
Колекцијата Dream Angels е нежна и заводлива, а во моделите преовладуваат розови нијанси, што совршено ѝ прилегаат на руската убавица, која уште еднаш покажа зошто важи за една од најсексапилните жени во светот.
На официјалниот Instagram профил на Victoria’s Secret објавено е видео во кое Ирина позира во заводливата долна облека, заедно со нејзините колешки.