Истражување: Мажите побрзо ги губат антителата против коронавирусот

Нивото на антитела на COVID-19 се намалува побрзо кај мажите отколку кај жените, покажа новата студија, чии резултати може да имаат импликации врз развојот на вакцина против вирусот, објави Guardian.

Студијата вклучува 308 лица вработени во болници на Универзитетот во Стразбур кај кои е потврдено присуство на коронавирусот, претежно со поблаги симптоми на болеста. Нивото на различни антитела е измерено со употреба на три различни теста двапати во период од 172 дена.

Првото мерење покажа дека мажите постари од 50 години и оние со индекс на телесна маса поголема од 25, имаат највисоко ниво на антитела.

Второто мерење покажа дека нивото на антитела опаѓа повеќе кај мажите отколку кај жените, без оглед на возраста или индексот на телесна маса, се вели во студијата.

– Нашето истражување покажа дека мажите покажуваат посилен одговор во акутната фаза, изразен со повисоки нивоа на антитела, но дека со текот на времето се намалува многу побрзо отколку кај жените, каде што останува на многу постабилно ниво, рече Самира Фафи-Кремер.

Оливие Шварц, еден од авторите на студијата, смета дека падот зависи од почетното ниво на антитела.

– Ако нивото на антитела е поголемо, падот ќе биде побрз, но сè уште не знаеме зошто, наведува Шварц.

Сабра Клајн од Универзитетот Џонс Хопкинс истакна дека научниците кои работат на развој на вакцината треба да го анализираат и споредат одговорот на мажите и жените на вирусот со текот на времето, бидејќи е можно мажите да изгубат антитела и по вакцинацијата.

– Мажите можеби ќе треба да примат втора доза вакцина за да го одржат имунитетот за вирусот, тврди Клајн. 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе