Истражување: Населението е во голема опасност поради недостаток од Д витамин

Загрижувачки се податоците за недостиг од витаминот Д што директно влијае на развојот на тешки болести и заболувања. Според истржувањата, 70% од населението, на глобално ниво, а и кај нас, има недостиг од овој значаен витамин и хормон, а во голема опасност се трудниците, здравствените работници, децата и жените во поодмината возраст.

Според Афродита Танеска, лабораториски аналитичар, специјалист по биохемиски анализи при Здравствениот дом во Прилеп која направила и свои истражувања, веќе втора деценија живееме во „пандемија“ од недостиг на Д витаминот.

– Најфрапантно е што трудниците, дури 76 проценти, имаат недостаток од Д витамин што се рефлектира врз плодот и подоцна во развојот на децата со појава на тешки автоимуни заболувања, дијабети, па дури шизофрении. Кај децата од девет до единаесет години дури 48 отсто е дефицитот на витамин Д. Податоците се страшни и за, нас, здравствените работници, односно околу 32 проценти од здравствените работници го имаат тој недостиг, вели Танеска.

Според истражувањата на Танеска, процентот е повисок кај жените, особено со староста и при остеопороза. Таа подготви труд, испитувајќи ги состојбите кај жени од 40 до 80 годишна возраст констатирајќи дека зимното време, старосната граница и патологијата на болестите директно влијаат на недостатокот.

Ова се случува подолго време, а најизразено беше во пандемијата поради затворениот простор. Меѓу главните причини се технологијата, но и неинформираноста.

– Со короната живеевме во затворени простори, постојано сме пред екраните. Рестрикциите со короната го зголемија ризикот, не излегувавме, не го користевме сонцето. Посебен факт е зимскиот период. И секако, недостаток на информираност за тоа што нѝ се случува и што треба да преземеме. За да се преземе нешто во лето е лесно. Повеќе надвор, на сонце. До 30-ина минути на сонце, го достигнуваме нивото на потребата од витамин Д. А во зимскиот период, неопходни се побогата храна со Д витамин и суплементи. Суплементите да не се земаат на своја рака, туку со препорака од лекар. Неопходно е да се земаат и К-2 и магнезиум, смета Танеска.

Што се однесува до ковид-пандемијата, таа проблемот го исфрли на површината, иако сѐ уште „се кршат копјата“ за корелацијата од недостигот на Д витаминот и компликациите во заразата.

– Има многу истражувања. Некои го потврдуваат тоа дека исходот на ковидот зависи од Д витаминот, но други сѐ уште држат до тоа дека Д витаминот е само имуномодулатор и дека делува само на вирусите и на бактериите и нема точни истражувања. Но, има низа истражувања кои ја докажуваат поврзаноста. На пример, во болница во Шпанија при истражувања на огромен број пациенти, се докажало дека до 80 насто, и тоа кај машката популација, заболеле од корана и имаат полоша прогноза отколку кај жените, со високи Д димери поради недостигот од Д витамин, појаснува Танеска.

Додава дека во едно истражување во земјава од наш фармацевт е докажано оти короната ги напаѓа клетките во белите дробови, а при недостаток на Д витамин доаѓа до недостаток на сурфактант, супстанца која ги отвора алвеолите и има размена на гасовите.

– При коронавирусот, заболените имаат проблеми со дишењето и при недостатокот на супстанцата сурфактант, алвеолите се издижуват и личи на дување во издишан балон, објаснува лабараторискиот аналитичар при прилепскот Здравствен дом, Афродита Танеска.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе