Италијански велосипедист казнет поради убиство на мачка во Сан Марино

Италијанскиот велосипедист Антонио Тибери (21), кој вози за екипата Тек-Сегафредо, е казнет со 4.000 евра за убиство на мачка во Сан Марино, а неговата екипа дополнително го суспендираше на 20 дена без плата.

Поранешниот јуниорски светски првак на хронометар и од неодамна жител на малата република без излез на море во внатрешноста на Италија, е казнет откако со воздушна пушка ја усмртил мачката која била во сопственост на неговиот сосед и министер за туризам на Сан Марино, Федерико Амати.

Италијанските медиуми јавија дека Тибери, испробувајќи ја својата воздушна пушка, ја нанишанил мачката во глава и со еден истрел ја усмртил.

„Мачката никому не му пречеше“, изјави Амати за весникот Corriere della Sera.

„Долго беше со нас. Мојата ќерка ја засака. Не можете да убиете домашно милениче и да се извлечете со казна од 4.000 евра“, рече Амати.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе