Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра уште една фантастична партија во дресот на Денвер и е најзаслужен за триумфот на актуелниот НБА шампион против Вашингтон Визардс од 113:104.
Центарот на Нагетс даде повеќе од една третина од поените за тимот од Колорадо и на крајот за 35 минути поминати на теренот имаше дабл-дабл учинок од 42 поена и 12 фатени топки, додека му недостасуваа само две асистенции за нов трипл-дабл. Покрај тоа, Србинот имаше 2 блокади и 1 украдена топка, а ова му беше 18-ти натпревар во НБА како постигнува 40 или повеќе поени.
Покрај Јокиќ, во тимот на тренерот Мајкл Мелоун расположен беше Џамал Мареј, кој постигна 19 поени, а Кајл Кузма постигна 17 поени во тимот од главниот град на Соединетите Американски Држави.
Кевин Дјурент постигна 40 поени во триумфот на Феникс Санс над Индијана Пејсерс од 117:110 и со тоа на Санс им ја донесе петтата последователна победа во најсилната кошаркарска лига на светот, додека Пејсерс загубија по четврти пат во последните пет натпревари.
Во НБА сите зборуваат и за фудбалската асистенција на Јусуф Нуркиќ во дресот на Феникс. Босанецот не беше ефикасен, но во манир на Мануел Нојер го префрли теренот за да му асистира на Дјурент. Санс на Х ја издвоија аситенцијата, но алудираа на американски фудбал.
Резултати:
Лос Анџелес Лејкерс - Бруклин Нетс 125:114
Орландо Меџик - Мајами Хит 105:87
Вашингтон Визардс - Денвер Нагетс 104:113
Хјустон Рокитс - Бостон Селтикс 107:116
Феникс Санс - Индијана Пејсерс 117:110
Лос Анџелес Лејкерс - Портланд Треил Блејзерс 134:110
Табела: