Јубилејно 10. издание на „100 Илјади поети за промена“

Во организација на глобалното движење „100 Thousand Poets for Change“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ денеска во Струмица ќе се одржи десеттото издание на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“.

По претходно распишаните конкурси за поезија и плакат, за ова јубилејно 10-то издание програмата ќе се реализира на две локации. Во „Babylon Cafe“ со почеток во 20 часот ќе биде отворен фестивалот со промоција на зборникот „100 Илјади поети за промена“ во кој се застапени 60 поети, дел од повеќе од 200 авторите кои се пријавија на конкурсот. Ќе има и поетско читање на поети од градот како и поети гости од цела Македонија.

Годинава, поради пандемијата, на поетското претставување ќе учествуваат само поети од Македонија, меѓу кои Љулзим Хазири, Ива Дамјановски, Зоран Анчевски, Никола Маџиров, Сузана Мицева, Андреј Ал-Асади, Исток Улчар, Вања Изова Велева и многу други, со музичка поддршка на Панче Илиев (Pi).

Во вториот дел од програмата кој е предвиден да започне во 22 часот во кафе бар „наГоре“, ќе биде отворена изложбата на плакати, односно дизајнерските решенија кои пристигнаа на конкурсот, а учесниците и гостите ќе ја имаат уникатната можност да го проследат музичко-визуелниот перформанс на колективот „Improof“.

Remote video URL

Настанот е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“, меѓународна манифестација која годинава се оддржува во повеќе од 15 држави во светот, со десетици закажани виртуелни и offline настани, а нашата држава и Струмица се дел од ова движење уште од самиот почеток.

Организаторите наведуваат дека за време на фестивалот ќе бидат запазени сите протоколи за заштита од COVID-19 според мерките на СЗО и Министерството за здравство.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе