Кафе на сонце и нова фризура - понеделничко олабавување на мерките низ Европа откако опадна бројот на мртви

Италија и Шпанија се дел од многуте земји ширум Европа кои денеска продолжија со олабавување на рестриктивните мерки воведени за заштита од ширењето на коронавирусот.

Повеќето бизниси во Италија, вклучувајќи кафулиња, барови и фризерници, денеска можеа да отворат по повеќе од два месеца под карантин.

Шпанија, пак, благо ги олабави рестрикциите на некои полесно погодени острови во пандемијата.

Ваквите мерки следат откако беше забележан пад во бројот на регистрирани смртни случаи.

Вчера во Италија беше регистриран најнискиот број на смртни случаи од COVID-19 од почетокот на карантинот во март – 145. Ова претставува значително намалување од највисокиот дневен број на починати од вирусот – 900 – регистриран на 27 март.

Во Шпанија дневниот број на регистрирани смртни случаи падна под 100 за прв пат по воведувањето на рестриктивните мерки. Сепак, здравствените власти предупредуваат дека опуштањето во врска со вирусот може да придонесе за втор бран на инфекции.

Шпанија продолжува со олабавување на рестриктивните мерки според планот во четири фази кој се реализира различно во различни региони, согласно состојбата. На пример, во крајбрежниот град Малага отворија некои барови и ресторани, по речиси два месеца без гости. Таму сепак има силно полициско присуство за да се обезбеди почитување на мерките за заштита.

Мадрид и Барселона, пак, не се ни во прва фаза, од безбедносни причини, и таму уште владеат строги рестриктивни мерки.

Следната табела покажува во кои земји има најмногу починати од COVID-19 (колку е потемна бојата, толку е повисок бројот на нови дневни случаи на заразени)

*Број на смртни случаи на 100.000 жители

Каде што отвори понеделнички?

Рестораните, баровите, кафулињата, фризерниците и продавниците ширум Италија отворија, под услов да се одржува строга физичка дистанца. Речиси 32.000 луѓе починаа од COVID-19 во Италија, а се очекува намалување на стопанството од 10%. Католичката црква ќе почне со одржување миси за верниците, но само со социјално дистанцирање и носење маски. И другите религиски објекти може да вршат богослужба под истите услови. Здравствените служби сепак предупредуваат дека собирите во големи групи претставуваат епидемиолошки ризик.

Белгија почна со отворање на основните училишта и градинките, под најстроги услови за заштита и безбедност, како и музеите и зоолошките градини, но само со онлајн закажување за да се ограничи бројот на посетители.

Во Грција е отворен славниот Акропол за посетители, а основците се вратија на училиште.

Рестораните, кафулињата и пекарниците во Португалија од денеска може да работат со редуциран капацитет.

Салоните за убавина и фризерниците, како и рестораните и кафулињата низ Полска добија дозвола повторно да отворат, со почитување на социјалната дистанца.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе