НФЛ СУПЕРБОУЛ LVIII

Ќе биде вистински спектакл: Чифс и 49ерс ќе играат на Супербоул

Бранителот на тронот од минатата сезона, тимот на Канзас Сити Чифс, на 11 февруари во Лас Вегас ќе се соочи со Сан Франциско 49ерс во дуелот на најдобрите НФЛ екипи во 58. издание на Супербоулот.

Чифс во финалето на Американската конференција беа подобри од Балтимор Рејвенс со 17:10, додека тимот од Сан Франциско во финалето на Националната конференција славеше против Детроит Лајонс со 34:31, иако на полувреме губеше со 7:24, и така го израмни најголемиот пресврт во историјата на НФЦ финалињата.

„Никој не треба да нѐ отпишува, колку и да изгледа во некои моменти дека не сме на очекуваното ниво. Никогаш не се откажавме, верувавме во себе и еве сме во Супербоул, подготвени за забава и борба за трофејот“, рече бекот на Чифс, Патрик Махоумс, по триумфот во финалето на конференцијата, на кое имаше 30 успешни додавања за 241 освоен јард.

URL

Инаку, ова е четврти пат во последниве пет години Чифс да се пласираат во Супербоул, а ниту еднаш од 2018 година кога Махоумс стана стратен квотербек не пропуштија да се пласираат во конференциското финале.

Двата тима се бореа за титулата пред четири години, а тогаш Чифс беа подобар ривал, па „Гавраните“ годинава ќе имаат можност да им се реваншираат за тој пораз.

Во Лас Вегас, Канзас Сити Чифс ќе се борат за четвртата, а 49ерс за шестата титула ајдобар во НФЛ. За македонските љубители на америкианскиот фудбал ТВ пренос ќе врши Arena sport.

Веќе беше познато дека главна ѕвезда на полувремето на оваа средба ќе биде познатиот аренби изведувач Ашер, кој беше избран да пее на овој спектакл.

Тагови
реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе