Кејн ќе стане „деветка“ во Реал за 115 милиони евра?

Шпанскиот весник As тврди дека Реал Мадрид продолжува да ги оценува опциите што ги има за да ја засили позицијата „деветка“.

Кралскиот клуб има две опции. Првата е да се купи реномиран напаѓач, кој сигурно ќе чини над 100 милиони евра, а второто е да се одлучи за некој поевтин, или млад напаѓач или некој при крај на кариерата, кој би послужил како решение до летото следната година кога Ерлинг Холанд и Килјан Мбапе би станале пореални опции.

Списокот на потенцијални решенија за реномираниот напаѓач се сведе на три имиња и тоа Душан Влаховиќ, Гонсало Рамос и Хари Кејн. Според Марко Руиз од As, фаворит во Реал е Кејн, за кого Тотенхем бара 115 милиони евра и е поотворен за идејата да го продаде на странски клуб отколку на некој од нивните лигашки ривали.

Tандем со Мбапе?

Кејн би преферирал да остане на Островот, што може да биде проблем за плановите на Реал. Неговата голема желба е да го собори рекордот на Алан Ширер по број на голови во Премиер лигата. Нему му недостасуваат 49 гола од 260-те на Ширер, на кои му требаат уште најмалку две сезони.

Сепак, скаутинг службата на Реал многу го цени и Шпанците би можеле да дадат сè од себе за да го доведат во Мадрид. На 30-годишна возраст, Кејн опсесивно се грижи за своето здравје и исхрана и треба уште долго да игра на највисоко ниво.

Доколку потпише за Реал, тоа би значело дека Холанд најверојатно нема да му биде на патот следното лето, што не е случај со Мбапе, кој потоа ќе биде слободен и ќе може да игра на крилните позиции.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе