КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Хачинсон му ја зеде титулата на Пандев за најбизарен гол

Во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар во зоната на Северна Америка падна неверојатен гол откако играч со грб ја затресе противничката мрежа.

Веројатно се сеќавате на оној легендарен гол на Горан Пандев кога одбиена топка му се удри од глава и заврши во противничката мрежа. Ако не се сеќавате, ќе ве потсетиме: во сезоната 2019/20 Џеноа играше дома против Сасуоло, а при резултат од 1:1 Пандев се најде во одлична шанса, но неговиот удар голманот го одбрани. Сепак, одбиената топка заврши во главата на Горан, кој беше во пад, и повторно отиде кон голот, овој пат завршувајќи во мрежата.

Тоа изгледаше вака:

Сега сличен гол постигна и Канаѓанецот Атиба Хачинсон, но уште побизарен. На гостувањето кај Ел Салвадор, каде Канада победи со 0:2, првиот гол е оној кој нѐ интересира. Кајл Ларин нафрли од десно, ветеранот Хачинсон на прва статива се обиде со глава, но ја погоди токму стативата. Топката се одби во ногата на домашниот дефанзивец Ерик Сабалета, а потоа од грбот на паднатиот Хачинсон замина зад гол-линијата.

Remote video URL

Хачинстон, кој во вторник ќе полни 39 години, настапува за Бешикташ, а репрезентативец на Канада е уште од 2003 година.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе