Симона Халеп ја заработи 22. титула во кариерата откако триумфираше на силниот тениски турнир на земјени терени во Рим, со награден фонд од 1,69 милиони евра. Халеп ја победи Каролина Плишкова со 6:0, 2:1 и откажување на Чехинката поради повреда.
Плишкова побара медицинска пауза по крајот на првиот сет, кој траеше само 20 минути. Таа се обиде да продолжи, но поради болка во левиот бут и долниот дел на грбот, не можеше.
Така, Романката ја забележа 14-тата последователна победа и го освои третиот последователен турнир. Таа првпат ја освои титулата во Дубаи во февруари непосредно пред крајот на сезоната поради пандемијата на коронавирус. По продолжувањето на сезоната во август, таа го подигна и трофејот во Прага.
Халеп последователно одби да учествува на УС Опен поради здравствени проблеми поврзани со COVID-19 и со нејзиниот настап минатата недела даде сериозна најава за Ролан Гарос, која започнува во недела.