Кирјос призна дека ја нападнал поранешната девојка

Австралискиот тенисер Ник Кирјос призна дека ја нападнал својата поранешна девојка, но избегна кривична пресуда.

Кирјос (27) се изјасни за виновен пред судот во Канбера, откако неговите адвокати не успеаја да го отфрлат обвинението врз основа на нарушено ментално здравје.

Кирјос ја турнал тогашната девојка Кјара Пасари на тротоар за време на расправија во Канбера во 2021 година. Судијката овој инцидент го нарече „чин на глупост или фрустрација“ и го поштеди тенисерот од криминално досие.

Тенисерот ја турнал девојката откако таа се обидела да го спречи да се оддалечи со автомобил на 10 јануари 2021 година. Пасари го пријавила инцидентот во полиција следниот месец, но не поднела официјална пријава. Кирјос и Пасари се помирија и ја продолжија врската, но повторно раскинаа, па Пасари поднесе официјална жалба во декември 2021 година.

Адвокатот Мајкл Кукулис-Смит рече дека Кирјос се обидел да избегне инцидент така што викнал Uber и се обидел „на дозволен начин да ја отстрани“ Пасари од автомобилот.

„Мојот клиент од фрустрација реагираше и се случи прекршок. Има поврзаност помеѓу менталното здравје и обвинетиот, но денес тој не страда од тие проблеми во иста мера“, рече адвокатот.

Кирјос се извини следниот ден и ја прифати одговорноста.

Судијката Бет Кембел рече дека Кирјос бил „млад човек кој се обидувал да се извлече од емотивна ситуација и дејствувал во моментот“.

„Јас се однесувам кон Вас исто како што би се однесувала кон секој млад човек во овој суд. Вие сте млад човек кој добро го удира тениското топче“, додала судијката.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе