Кои масла се најлоши за здравјето на срцето?

Грижата за здравјето на срцето е еден од најважните чекори за долг живот.

Знаеме дека за здраво срце треба да не пушиме цигари, да го намалиме внесувањето црвено месо и да правиме аеробни вежби, но има и други работи што можеме да ги направиме.

На пример, маслото е најчесто користена состојка за готвење, но има некои видови кои се всушност штетни за срцето ако не внимаваме.

Според нутриционистката Крутика Нанавати, трите најлоши видови на масло се палминото, кокосовото и пченкарното масло. Зошто? Дознајте подолу.

Палмино масло

Заситените масти се многу лоши за здравјето, а ги има во палминото масло.

„Пламиното масло е богато со заситени масти, што може да придонесе за повисоки нивоа на LDL холестерол (лош холестерол) во нашите тела“, објасни Нанавати.

Кокосово масло

Кокосовото масло може да направи чуда за вашата коса, но Нанавати вели дека не гответе со него, особено ако водите сметка за срцевото здравје.

„Иако кокосовото масло е пофалено за неговите здравствени придобивки, важно е да се напомене дека содржи висок процент на заситени масти - речиси 82 проценти. Истражувањата покажаа дека прекумерната потрошувачка на такви масти може да го зголеми ризикот од коронарна срцева болест со зголемување нивото на холестерол во крвта“, рече таа.

Пченкарно масло

Маслото од пченка е уште една популарна опција што треба да се избегнува.

„Пченкарното масло е богато со омега-6 масни киселини, кои не треба да се претерува со негова употреба бидејќи можат да предизвикаат воспаление во организмот и да го нарушат односот на омега-6 и омега-3 киселините. Се верува дека оваа нерамнотежа, со доминација на омега-6 масни киселини, придонесуваат за болести на срцето Иако омега-6 масните киселини не се инхерентно лоши, модерната западна исхрана има тенденција да вклучува премногу од овие масти и премалку омега-3 масни киселини, создавајќи нездрава рамнотежа“, заклучи нутриционистката.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе