Која храна никогаш не треба да ја загревате?

Се разбира дека секогаш е добра опција да ги зачувате остатоците од ручекот за да можете да ги јадете подоцна, наместо да фрлате храна непотребно.

Но, ако мислевте дека загреаната храна ја има истата хранлива вредност како и свежо подготвената, не сте во право.

Според нутриционисткатат Серена Пон, колку повеќе пати ја загревате и ладите храната, толку се поголеми шансите за развој на бактерии и губење на хранливи материи, ароми и текстура. Иако многу намирници првично губат некои од своите хранливи материи откако за првпат се термички ќе ги обработите, дополнителното загревање само дополнително и го ослабува присуството на овие хранливи материи.

Абигејл Филипс, диететичар во Детската болница и медицински центар во Омаха, Небраска, забележува дека загубата на хранливи материи под влијание на подгревање на храната зависи од составот на одредена храна.

„Општо земено, најголемата промена се забележува во губењето на витамини растворливи во вода“, објасни таа: „Витамините Ц и витамини од групата Б се особено чувствителни на топлина, така што повторно загревање откако храната е веќе третирана термички може да ги зголеми загубите“.

Но, без оглед, експертите истакнуваат дека ако загревањето на здравата храна е најдобриот начин некој да практикува урамнотежена исхрана, „тогаш придобивките од добивањето на сите други хранливи материи од таа храна го надминуваат ризикот некои да се изгубат“.

Ако можете да подготвувате свежа храна за секој оброк, тоа е одлично и треба да го практикувате. Ако не можете, загревањето на остатоците е подобра опција отколку конзумирање брза храна или купување претходно подготвени јадења.

Подолу откриваме која здрава храна ги губи своите хранливи својства кога се загрева:

Брокула

Истражувањата покажаа дека зеленчукот кој содржи витамини растворливи во вода, како што е витамин Ц, всушност губи дел од својата хранлива вредност со термичка обработка. Брокулата спаѓа во таа категорија. Содржи 132 мг витамин Ц на оброк, што е значително повеќе од вашата дневна препорачана количина. Но, зелениот зеленчук страда и од загуба на фолати кога се загрева.

„Фолатот му помага на телото да формира здрави црвени крвни клетки и може да го намали ризикот од оштетување на нервните цевки кај неродени деца“, објасни Филипс. „Фолатот е исто така многу чувствителен на топлина и може да се уништи со загревање“.

Компири

Компирите подготвени на кој било начин се секогаш вкусни - дури и кога се загреваат. Но, тие се исто така богати со витамин Ц, факт што можеби ве изненадува. Според студиите, компир со средна големина обезбедува околу 27 мг витамин Ц (45% од потребната дневна вредност), што го квалификува како „одличен извор“ на овој витамин. За жал, со загревањето ќе изгуби дел од својот нутритивен потенцијал.

Варени јајца

Тврдо варените јајца се едни од ретките намирници кои всушност имаат прилично добар вкус и без повторно загревање. Некои луѓе претпочитаат да ја јадатт храната додека е топла, но јајцата навистина не треба да бидат дел од таа практика. Како прво, повторно загревање на тврдо варено јајце во микробранова печка може да доведе до опасна експлозија, затоа држете се подалеку од ваквите идеи.

Исто така, јајцата содржат антиоксиданти. Жолчките од јајца всушност содржат два многу важни антиоксиданси за здравјето на вашите очи - лутеин и зеаксантин, кои ги штитат вашите очи од штетно сончево зрачење и значително го намалуваат ризикот од дегенерација на макулата и катарактата. Токму нивото на овие антиоксиданти се намалува со загревање на оваа храна.

Растително масло

Има неколку работи што треба да ги знаете за растителните масла, категорија производи што вклучува маслиново масло, масло од авокадо, масло од соја и многу повеќе.

„Тие содржат незаситени масни киселини“, објасни Филипс. „Кога се изложени на топлина и се оставаат да се изладат неколку пати, овие масти кои инаку се здрави за срцето, започнуваат да формираат разни врски и може да се претворат во масни киселини, кои го зголемуваат воспалението во тело и тие на крајот можат да доведат до работи како срцеви заболувања“.

Риба

Ако јадете риба за да надоместите анемија или недостаток на Б6, бидете внимателни. Рибата (особено туна и лосос) содржи пиридоксин (познат и како Б6), кој се користи за лекување на одредени видови на анемија и недостатоци на Б6. Но, пиридоксинот е многу чувствителен на топлина, и кога рибата ја губи содржината на вода со загревање, пиридоксинот дополнително се „топи“ и исчезнува.

Зеленчук богат со нитрати

Зеленчук како целер, цвекло, морков и секоја лиснато зелена храна е всушност многу богат со нитрати, хемикалии кои се, интересно, корисни и опасни за нашето здравје.

Термичкиот третман на храната со нитрати на високи температури може да ги претвори во нитрозамини, за кои се знае дека се канцерогени. Затоа не се препорачува загревање на таков зеленчук.

Пред неколку години, Европскиот совет за информации за храна издаде предупредување за потенцијалните опасности од загревање на спанаќот. Советот утврди дека иако високите концентрации на нитрати кои се наоѓаат во спанаќот и другиот лиснат зеленчук не се инхерентно опасни, тие можат да се претворат во канцерогени нитрити и нитрозамини кога се загреваат.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе