Колку и да е технолошки совршен, е-автомобилот станува еколошки дури по поминати 65.000 км

Поефикасното рециклирање на суровини, првенствено литиум, никел и кобалт, како и позелено производство на батерии може да ја намали границата на поволна експлоатација на електричните возила.

Електричниот автомобил станува климатски ефикасен дури откако ќе помине 65.000 километри и тоа под услов да се полни со таканаречената зелена струја (која потекнува од еколошки извори). Ако се движи од електрична енергија добиена, на пример, со согорување на јаглен, границата на позитивниот ефект од возењето на батериите се поместува на 90.000 километри.

Овие податоци беа објавени во извештајот објавен во понеделникот од страна на Здружението на германски инженери (ВДИ), кое стигна до нив со вклучување на вкупните емисии на стакленички гасови во текот на целиот процес, од ископувањето суровини, преку производството на батерии и нивниот транспорт од Азија, до производство и експлоатација на самиот автомобил.

„Електричните и хибридните возила влегуваат на пазарот со еколошка хипотека поради интензивното производство на ресурси на погонска технологија, бидејќи денес производството на батерии е речиси исклучиво лоцирано во Азија“, рече претседателот на ВДИ, Јоахим Дамаски, пренесува SEEbiz.

Според него, поефикасното рециклирање на суровините, литиум, никел и кобалт, може да ја намали границата на поволна експлоатација, барем кога станува збор за Германија. Затоа е потребен понатамошен развој на климатски неутрални извори на енергија, како и еколошки помалку штетни батерии.

Електромобилноста станува навистина прифатлива за климата кога еколошкиот отпечаток е помал, што се постигнува преку позелено производство на батерии и суровини, заклучи Дамаски.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе